Несторовски до крајот на оваа недела се враќа во Серија А?!

by
2 минути читање

Вчерашниот меч
против Каљари во Купот на Италија, на кој Илија Несторовски постигна гол од
пенал, може да биде последен за напаѓачот во дресот на „Сицилијанците“.Името на
Македонецот денеска се најде во трансфер шпекулациите на два весника од
Италија. Газета дело Спорт и Тутоспорт пренесоа дека Македонецот е желба на
Удинезе.

Тимот од „Фриули“
сака да донесе нов напаѓач до крајот на преодниот (трансфер пазарот во Италија
завршува на 17. август) и веќе разгледува неколку опции.
Се верува дека
прва цел на Удинезе е младиот Моисе Кин од Јувентус, но „Старата Дама“ бара 25
милиони евра за својот талент, а за играчот интерес пројавуваат и уште неколку
клубови надвор од Италија.


Илија Несторовски
исто така котира високо на листата, и се шпекулира дека сопствениците на двата
клуба, Поцо и Ѕампарини веќе неколку дена преговараат, а агентот на „Нестогол“
Давор Чурковиќ исто така е во контакт со лидерите на Удинезе и ја договара
платата на голгетерот, кој во моментов заработува 750.000 евра плус бонуси.

Палермо во
јануари одби понуда вредна околу 15 милиони евра, но Маурицио Ѕампарини сега ќе
треба да се задоволи со три пати помала сума. Извештаите велат
за трансфер помеѓу 4.5 и 5 милиони евра, кој во суштина ќе биде позајмица со
опција Удинезе следното лето во целост да го купи Македонецот.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани