663
Македонскиот интернационалец Илија Несторовски игра во солидна форма во Славен Белупо во Хрватската прва лига.
Прилепчанецот постигна два погодоци за својот тим на гостувањето кај Вараждин, но се важеше само еден. Несторовски во 31. минута добро се снајде во шеснаесетникот и откако првиот удар му беше одбиен од втора го матира домашниот голман за 0-1.
Потоа течеше 45. минута кога Илија Несторовски и вторпат ја затресе мрежата на Вараждин, меѓутоа по долга ВАР проверка голот беше поништен.
Нејасно е поради која причина е поништен погодокот и каде судиите во ВАР собата пронајдоа офсајд позиција, бидејќи тоа беше досудено…