Несторовски асистент во победа на Удинезе над Кротоне (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Удинезе победи со 2-1. Во 41. минута Несторовски прво биеше од косо, голманот на Кротоне го одбрани неговиот удар, но топката се одби до Македонецот кој овој пат додаде до Де Паул а тој погоди за водство од 1-0.

Во 68. минута Сими од пенал изедначи на 1-1, а две минути подоцна Несторовски беше изваден од игра.

Во 74. минута Де Паул со својот втор гол го врати водството на Удинезе од 2-1. А дамка во неговиот настап беше црвенот картон кој го доби во 91. минута.

Во вториот меч од Серија А, Сампдорија со 3-1 ја совлада Верона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×