Нешто се случува во Барса: Куман се појави на прес, прочита соопштение и си замина

by
1 минути читање

Изминативе денови
има многу шпекулации за иднината на Роналд Куман, столчето на стратегот почна да
се тресе по поразот од Беарн Минхен во Лигата на шампиони, а гласините добија
на интензитет по киксот против Гранада во понеделникот.

Денеска се
очекуваа повеќе прашања и одговори на оваа тема, но Роналд Куман реши да не комуницира
со новинарите. Холанѓанецот се појави на прес конференција, прочита кратко соопштение,
стана и ја напушти салата.

„Добро утро на
сите, клубот е зад мене во овој процес на реконструкција. Финансиската
ситуација на клубот е поврзана со спортската, тоа значи дека треба да изградиме
тим без големи инвестиции. Потребно е време, младите играчи можат да станат
ѕвезди за две години. Добро е тоа што младите играчи ќе добијат шанса како што
Чави и Иниеста добија шанса во нивното време, но потребно е трпение. Успех ќе
биде да се заврши при врвот во Ла Лига. Не можеме да очекуваме чуда во Лигата
на шампионите, поразот од Баерн Минхен треба да се гледа од оваа перспектива.
Мора да се дава поддршка на тимот, со зборови и со дела. Знам дека медиумите го
препознаваат овој процес, не е прв пат да се случува вакво нешто во историјата на
Барселона. Сметаме на вашата поддршка во овие тешки моменти, составот и сите
играчи се среќни од поддршката која ја добивме од фановите на дуелот со
Гранада. Виска Барса
“ – порача Роналд Куман и си замина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани