302
Поранешниот
фудбалер на Милан, Алесандро Неста верува дека клубот од Милано е во позиција
да биде во сериозна конкуренција во битката за овосезонското Скудето,
уверувајќи дека клубот е на вистинскиот пат.
„Клубот е на
вистинскиот пат, Милан е кандидат за Скудетото“ вели Неста за „Кориере дела Сериа“.
„Можеби нема да
бидат први фаворити за титулата, меѓутоа тоа воопшто не е лош знак“ додава тој.
„Вистината е дека
постојат многу екипи кои би можеле да се борат за титулата оваа сезона, но едно
е сигурно, Милан е на вистинскиот пат“ подвлече Неста.