Бесот на Антонио Конте најдобро го почувствува новинар на Скај Спортс кој го праша тренерот на Интер: „Како Интер одигра 0-0 со Шахтар и дома и гости кога во август во полуфинале од Лига Европа го победи со 5-0?“
Ова прашање го погоди Конте па тој бесно одговори: „Шахтар дојде тука и ја трансформираше својата тактика против нас со цел да не неутрализира. Тие загубија со 5-0, па затоа се променија. Размислувај пред да поставуваш прашања“.
Потоа беше прашан дали на играчите им недостасувала доволна посветеност како за меч кој мора да се добие?
„Можете да имате ваше мислење, го почитувам тоа, но не се сложувам бидејќи мислам дека тимот дава се од себе, направивме се што требаше. Иритирачки е дека на двете средби со Шахтар доминиравме а не постигнавме гол“.
„Не се согласуваме дека ни недостасувала посветеност. Моите играчи дадоа се од себе вечерва, апсолутно не се согласувам“.
„Треба да нализираме со ладни глави, но веднаш по ваква елиминација. Има големо жалење и разочарување, но не мислам дека ни фалеше посветеност, фокус и агресија“.
„Но недоставуаше гол за да продолжиме во ЛШ, немавме среќа со судиите и ВАР. Ако се вратам назад и погледнам на сите ситуации кои не беа видени, тогаш….“.
„Имавме шанси, не дадовме гол, а кога нема да дадете гол, не можете да победите“.