Нереални сцени: Гореа небото и улиците на Неапол за четвртото скудето (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Наполи по четврти пат во историјата се искачи на тронот во Серија А, а за втор пат во последните три години – и тоа како шампионски! Навивачите на клубот од југот на Италија знаат како се слави голем успех, а атмосферата во Неапол беше нешто што се гледа само во филмови.

Веднаш по голот на Мектоминеј за 1-0, околината на „Диего Армандо Марадона“ стадионот блесна од огномет, но вистинската магија започна по последниот свиреж на судијата против Калјари. Видеата од славјето се вирални – речиси целиот град „гори“, улиците преплавени со сино-бела еуфорија, а пиротехниката и песните на навивачите ја кренаа атмосферата до небо.

Сето ова е уште поимпресивно ако се земе предвид дека Наполи минатата сезона заврши на 10. место, и патем – остана без двете ѕвезди, Осимен и Кварацхелија. Но тимот повторно се издигна и покажа шампионски карактер.

Погледнете дел од лудилото кое го зафати Неапол по освојувањето на новото скудето – градот живее за Наполи!

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани