165
Уште еден тренер во
Серија А остана без работа. Откако утрово Верона соопшти разделба со Еузебио Ди
Франческо, попладнево се разделија Каљари и Леонардо Семпличи.
54 годишниот
стратег го превзеде кормилото на клубот од Сардинија во февруари и успеа да го
спаси од испаѓање. Но откако по три кола од новата сезона беше освоен само еден бод,
раководството на „црвено-сините“ решија да направат промени. Покрај Леонардо
Семпличи, отказ добија и четворица негови соработници.
Како прв кандидат
за клупата на Каљари сега се споменува Валтер Мацари, а како опции се
посочуваат Диего Лопез и Бепе Јакини.