Нема трофеј за Атлетико, Сосиедад го освои Купот на Шпанија! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Неколку дена по големиот триумф над Барселона во Лигата на шампионите, Атлетико Мадрид доживеа големо разочарување во финалето од Купот на Шпанија откако на пенали загуби од Реал Сосиедад.

Сосиедад е освојувач на трофејот во ова натпреварување откако по изведувањето пенали славеше со 4-3. По 120 минути игра, резултатот беше 2-2 со тоа што баскискиот тим два пати се наоѓаше во водство, а допатува во Севиља како голем аутсајдер, пред се поради начинот на кој Атлетико стигна до ова финале.

Резултатот беше отворен по само 15 секунди игра откако Баренечеа погоди на асистенција на Гуедеш. Лукман израмни во 18. минута, но на голем одмор, Сосиедад замина со предност откако Ојаразабал ја затресе мрежата на Мусо во судиското продолжение. Тимот од Сан Себастијан беше многу блиску да дојде до победата во основниот дел од мечот, ама Хулијан Алварез постигна прекрасен гол во 83. минута. Атлетико во финишот од регуларниот сегмент изврши притисок, се обиде да дојде и до трет погодок, но не успеа и мечот отиде во продолженија.

Во нив подобар беше Сосиедад, имаше неколку шанси за гол, а ја смири и иницијативата на противничкиот тим. Сепак, гол немаше и се пристапи кон изведување пенали.

Во нив, херој на Сосиедад беше вториот голман на Сосиедад, Унаи Мореро кој е замена за Алекс Ремиро, но оваа сезона бранеше во Копа дел Реј. Тој ги одбрани ударите на Серлот и Алварез, Оскарсон го остави Атлетико во игра со лошо изведен пенал, но во натамошните шест удари, сите беа прецизни, на задоволство на фудбалерите на Сосиедад.

Ова е четврти триумф на баскискиот тим во Копа дел Реј, по 1909, 1986 и 2020 година, а вкупно 20. пораз на Атлетико во финалните дуели. Последниот трофеј на „јорганџиите“ во Купот датира од 2013 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×