Нема среќа: Најмалерозниот фудбалер на Манчестер јунајтед повторно се повреди!

by Стефан
1 минути читање

Нови лоши вести пристигнуваат од Манчестер јунајтед кога во прашање е левиот бек, Лук Шо.

Имено, тој се здоби со нова повреда и нема да биде во конкуренција за следниот натпревар на својот. Шо од самото доаѓање нема среќа во Манчестер јунајтед и се соочи со многу повреди.

Во изминатите 12 месеци одигра само пет натпревари и тоа најдобро покажува колку проблеми имаше. Минатата година одигра само три натпревари и се очекуваше да се врати на терените во декември, но тогаш повторно се повреди.

Започна со тренизи во јануари и се надеваше дека во февруари ќе биде подготвен, меѓутоа ништо ниту од тоа. Според првите информации сега го чека пауза од околу четири недели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани