Од таборот на
Баерн Минхен во неколку наврати јавно порачаа дека Роберт Левандовски ќе ја
одработи последната година од договорот, но медимите постојано пишуваат дека
напаѓачот ќе биде продаден доколку пристигне добра понуда.
Како што пишува
Спорт, во Баерн има три струи кога е во прашање иднината на Полјакот.
Првата е предводена
од спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, кој смета дека нема поента да го задржат
Роберт Левандовски чим напаѓачот сака да замине, па најдобро е да договорат
негов трансфер.
Зад втората
струја стои генералниот извршен директор Оливер Кан, кој прифаќа дека треба да
се преговара за заминување на Роберт Левандовски, но нема намера лесно да го
продаде и целта е да се добијат што е можно повеќе пари.
Во третата струја
е старата гарда и почесниот претседател Ули Хенес кој смета дека од принцип
Баерн Минхен не треба да подлегне на притисокот на Роберт Левандовски и неговиот
агент Пини Захави. Тој смета дека напаѓачот треба да ја одработи последната
година, а доколку прави проблеми и се бунтува, тогаш ќе седи на клупа цела
сезона.
Во меѓувреме,
медиумите пренесуваат дека Барселона ќе достави и трета понуда, новиот предлог
ќе биде вреден 40 милиони евра плус бонуси. Останува да се види дали ова ќе
биде доволно за трансфер, Баерн Минхен веќе одби 32 милиони евра, односно 35
милиони евра.