Хрватскиот фудбалски сојуз објави дека и покрај големиот скандал во кој убиено беше младо момче во основно училиште, а ранети беа уште неколку малолетни и полнолетни лица, нема да има одложување. 19-годишниот напаѓач е уапсен, Хрватите прогласија ден жалост, но тоа нема да ги прекине фудбалските натпревари.
В сабота се игра дерби меѓу Динамо Загреб и Вараждин, клубовите потврдија дека нема одложување, а стигна потврда и од сојузот.
Одлуката е сите натпревари викендов да стартуваат со минута молк. Покрај тоа, на стадионите нема да се пушта музика како пред сите други натпревари.
21 декември, сабота, е ден за жалост на целата територија на Хрватска. Сепак, барем фудбалските натпревари ќе продолжат според плановите.