Уште еден незаборавен натпревар во Лигата на шампионите, Манчестер јунајтед на гостувањето кај ПСЖ влезе со негатива од 2-0 и успеа да помине. Победа од 3-1 која го носи меѓу осумте најдобри.
По резултатот и играта од првиот натпревар се чинеше дека нема како ПСЖ да не помине понатаму, но Манчестер јунајтед уште еднаш покажа дека под водство на Оле Гунар Солскјер може да остварува големи резултати.
Резултатот беше отворен уште во втората минута кога Лукаку искористи една грешка на одбраната на ПСЖ и донесе водство на Јунајтед од 1-0.
Само десет минути подоцна одбраната на Јунајтед беше гледач на акцијата на ПСЖ која заврши со гол на Бернат по асистенција од Мбапе, резултатот беше израмнет на 1-1.
Во 30. минута Манчестер јунајтед го враќа водството. Рашфорд биеше од далечина, Буфон киксираше, ја одби топката која дојде до Лукаку а тој постигна нов гол, овој пат за 2-1.
На Манчестер јунајтед му фалеше само уште еден гол за да го елиминира ПСЖ и да се пласира во четвртфиналето.
Долго време резултатот беше 2-1 за Манчестер јунајтед, се чинеше дека така и ќе заврши мечот, но во судиското продолжение беше досуден пенал. Одлуката беше проверена и од ВАР. Прецизен од белата точка беше Маркус Рашфорд за победа од 3-1.
Голем резултат на Манчестер јунајтед, уште една загубена сезона во Лигата на шампионите за богатиот ПСЖ.