Пред десетина
дена, Ванда Нара на социјалните мрежи откри дека со Мауро Икарди потпишале
документи за развод, но во последен миг се случил пресврт. Напаѓачот на ПСЖ и
испратил писмо, таа била трогната од тоа што напишал голгетерот, па решила да
му прости и да се смират.
Тогаш се чинеше
дека сагата заврши, но очигледно нема крај на сапуницата. Новинарката Јанина
Латоре откри дека Ванда Нара и Мауро Икарди се разделиле.
„Ванда Нара и
Икарди се разделија, разговарав со неа во средата наутро“ – открива Латоре. „Ми
рече, „Сингл сум, сакам да се чувствувам добро“. Ванда е бесна бидејќи се беше
добро, но потоа добил мејл“.
Во мејлот имало
докази дека Мауро Икарди се сретнал со Чина Суарез, напаѓачот искористил момент
кога Ванда Нара и нејзината сестра биле во Милано, па тој имал средба со Чина
Суарез во хотел во Париз.
Мауро Икарди
претходно и се правдал на Ванда Нара дека само флертурал со Чина Суарез на
социјалните мрежи, но сето ова паднало во вода по мејлот, па атрактивната
блондинка отпатувала во Милано.