Веќе се одиграа 16 кола
во холандската „Ередивизие“ а нашиот 20 годишен интернационалец Никола Ѓорѓев
остана на два настапи за Твенте, оние кои ги забележа на стартот од новата
сезона, и тука застана.
Се чини дека Герт Вербек
нема намера да му даде адекватна можност за докажување за македонскиот
репрезентативец, па извесно е дека тој ќе си замине во јануарскиот преоден рок,
постои и опција да биде испратен на позајмица.
„Клубот договори неколку
офанзивци во летниот преоден рок, но ангажираните како Никола Ѓорѓев и Исак
Бакли Рикетс не се во плановите на Вербек. Познато е дека тој се надева дека
нешто ќе се промени во зимската пауза и Твенте ќе се засили според неговите
желби и идеи“ пишува холандскиот медиум „Тубантиа“.
„Веќе тропнав на вратата
од клубот барајќи нови фудбалери“ вели Вербек.
Ѓорѓев изминатото лето
потпиша за Твенте каде дојде од редовите на неговиот матичен клуб Грасхоперс од
Швајцарија. Договорот помеѓу двата клуба беше Македонецот да остане во Твенте
во наредните две години како позајмен фудбалер бидејќи швајцарскиот клуб не
сакаше да се откаже од неговиот договор.
Извор: tubantia.nl