Нема фудбал во Италија денес поради смртта на папата

by 24 фудбал
1 минути читање

Сите натпревари кои требаше да се одиграат во Италија денеска на фудбалските терени се одложени. Причина за одложувањето е да се испочитува смртта на папата Франциск кој почина утрово.

Во рамките на Серија А требаше да се одиграат четири натпревари денес во различни термини. Денот требаше да го отвори Торино на Ељиф Елмас со натпреварот против Удинезе.

Освен овој меч, Фиорентина требаше да гостува кај Каљари, Лацио во Џенова и Јувентус на „Енио Тардини“ кај Парма.

Сите четири меча се одложени и ќе добијат нов термин за одигрување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани