516
Шефот на
стручниот штаб на Челси, Томас Тухел и покрај фактот што има одлични релации со
својот фудбалер Кристијан Пулишиќ, сепак Американецот би можел да си замине од
Лондон уште во јануарскиот преоден рок.
Пулишиќ има
проблеми со повредите кои го мачат веќе подолг период, па никако да го покаже
тоа што знае и умее под кормилото на Тухел во Челси, со тоа што во таборот на
Премиерлигашот наводно е донесена одлуката за продажба на Американецот.
„Ел Национал“
тврди дека Тухел веќе ја донел одлуката за продажба на Пулишиќ, а за него се
верува дека постои сериозен интерес од страна на Барселона.