213
Организаторите на
Африканскиот куп на нации ставија јасно дознаење дека натпреварувањето ќе се
одржи и покрај ситуацијата со ковид-19, откако за момент се појавија одредени
шпекулации за неизвесноста на турнирот.
„РМЦ“ извести
дека постои голема можност натпреварувањето да се одложи, а „Газета дело Спорт“
пренесе дека не постои никаков ризик од такво сценарио.
Организаторите
сепак демантираа дека се разгледува можноста за одлагање на турнирот кој е предвидено
да се одржи во Камерун почнувајќи од 9 јануари, а ќе трае до 6 февруари.