Скаути од
Арсенал, Тотнем, Евертон и Манчестер јунајтед во живо ќе го проследат настапот
на Леон Бајли утре против Славија Прага во Лига Европа, откако сите претходно
наведени клубови се во трка за потписот на младиот офанзивец, кој претходно се
поврзуваше и со Манчестер Сити, како и Челси, односно Баерн Минхен
23 годишниот
интернационалец од Јамајка се очекува да почне од првата минута за Баер
Леверкузен, а скаутите бод будно око ќе ги следат неговите потези на „Бај
Арената“.
Интересно е тоа
што за Бејли особено голем интерес има од Премиерлигата, а се верува дека
интерес прикажал и Лидс во летниот преоден рок, меѓутоа клубот каде настапува
нашиот Езгјан Алиоски испратил понуда вредна 40 милиони фунти која не била
доволна за Баер Леверкузен, кој во тој период немал некоја посебна потреба од
дополнителни финансиски средства, особено не по продажбата на Каи Хаверц во
Челси за 71 милион фунти.
Инаку Бејли има активен договор со Баер Леверкузен со важност до 2023 година, а во новата сезона на девет натпревари успеа да постигне двапогодоци, како и да запише четири асистенции.