Нејмар се враќа во репрезентацијата, а познато и кој ќе извиси!

by 24 фудбал
0 минути читање

Нејмар би можел сензационално да се врати во репрезентацијата на Бразил за Светското првенство, пренесува ESPN Brasil.

Според информациите, новиот селектор Карло Анчелоти сериозно размислува повторно да му даде шанса на искусниот напаѓач, а неговото враќање во составот сега се смета за реална можност.

Доколку Нејмар биде повикан, најголем кандидат да отпадне од списокот е Жоао Педро.

Нејмар долго време беше надвор од националниот тим поради повреди и проблеми со формата, но очигледно Анчелоти верува дека искусниот Бразилец сѐ уште може да биде важен адут за „кариоките“ на најголемата сцена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×