Нејмар сакаше да даде гол како Марадона, но помина тоа време – доби црвен картон! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Нејмар направи почетничка глупост и го оштети својот тим во дербито меѓу Сантос и Ботафого.

Течеше 76. минута кога Нејмар во стилот на Марадона се обиде со рака да даде гол, но како да заборави дека во време на ВАР тоа е невозможно.

Бразилската ѕвезда заработи втор жолт картон и го остави својот тим со играч помалку.

Десетина минути подоцна Ботафого ја искористи предноста од играч повеќе, даде гол и го доби мечот со 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани