316
Нејмар има 30 години, па се чини дека е рано за пензија, но тој точно знае што сака да направи следно во кариерата.
Сака да се врати во својата земја, Бразил и да игра за Сантос.
„Возбуден сум да се вратам и да играм во Сантос. Тоа што навистина ми недостасува е играње во мојот град. Боже тој стадион е неверојатен“, вели Нејмар.
Но, покрај Бразил, Нејмар сака да заигра и во САД, во МЛС.
„Исто така сакам да играм во САД, барем една сезона. Тоа е пократко натпреварување, имате три или четири месеци одмор“.
Актуелниот договор на Нејмар со ПСЖ истекува во 2025 година и можно е тој да му биде и последен со францускиот клуб.