Нејмар призна грешка и се извини за нападот кон синот на Робињо!

by 24 фудбал
1 минути читање

Нејмар јавно се извини по инцидентот што се случил на тренингот на Сантос, кога влегол во конфликт со младиот соиграч Робињо Жуниор, син на поранешниот бразилски фудбалер Робињо.

Според информациите од Бразил, ситуацијата ескалирала за време на тренингот, а Нејмар во момент на нервоза физички реагирал кон младиот фудбалер. Инцидентот предизвика бурни реакции во јавноста и бројни критики кон поранешната ѕвезда на Барселона и ПСЖ.

По неколкудневниот молк, Нејмар реши јавно да се огласи и призна дека претерал со реакцијата.

Проблемот го решивме меѓу нас. Се случи недоразбирање на тренингот и мојата реакција беше претерана. Му се извинив и овие работи нема да се повторат. Разговаравме во соблекувалната и конфликтот го решивме на мирен начин“, изјави Нејмар.

Бразилецот испрати порака и до медиумите, но со доза на иронија, бидејќи во изминатите денови беше мета на жестоки критики поради случувањата на тренингот на Сантос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×