Нејмар поради повреда отпадна од комбинација за настап против Аргентина

by
1 минути читање

Добрата вест за
вечерашната мега пресметка во Јужна Америка е тоа што селекторот на Аргентина,
Лео Скалони потврди дека Лионел Меси ќе игра, меѓутоа лошата вест е повредата
на Нејмар.

Ѕвездата на
Бразил се здоби со повреда на последниот тренинг на „Караоките“ пред да заминат
на гостувањето кај својот голем ривал, па така љубителите на фудбалот ќе
останат покуси за пресметка помеѓу соиграчите од ПСЖ, Меси и Нејмар, овој пат
како ривали на теренот.

Од куќата на
фудбалот во Бразил известија дека Нејмар почувствувал болки за време на
последниот тренинг кои придонеле за несигурност околу тоа дали воопшто да биде
дел од составот на „Кариоките“, а Нејмар ќе се врати директно во Париз бидејќи
нема доволно време за дополнителни тестови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×