1,4K
Пред да се пресели во Европа, Реал Мадрид и Барселона беа во трка по неговиот потпис, на крајот победи каталонскиот тим.
Бразилецот вели дека во Реал Мадрид ќе заработел многу повеќе, но срцето сакало да потпише за Барселона.
„Реал Мадрид ми понуди бланко договор, тие ми рекоа дека можам да имам што сакам, но јас ја сакав Барселона со целото срце“, вели Нејмар.
„Ќе направев трипати повеќе пари во Реал Мадрид. Флорентино отсекогаш ме сакаше. Но Роналдињо играше во Барселона и сакав да играм со Меси“.