Во ПСЖ
преовладува надеж дека клубот ќе го реши конечно прашањето за иднината на
Нејмар пред да почне полуфиналната фаза од Лигата на шампионите, односно пред
првиот меч со Манчестер Сити кој е предвиден да се одигра на 27 април.
По долг период
низ шпекулации околу иднината на Бразилецот, повеќе медиуми известуваат дека
постои можност тој да стави потпис на новиот договор кој ПСЖ веќе му го понуди,
а се работи за шест годишен договор со францускиот првак.
Самиот агент на
Нејмар потврди дека неговиот клиент посакува „свежи“ услови во новиот договор
во блиска иднина, нешто што веќе обете страни го имаат на маса, а фудбалерот во
изјава за медиумите навести дека потписот на новиот договор е се’ поблиску, со тоа што темата околу тоа е
веќе затворена.
„Л’Екип“ пренесе дека новиот договор ќе биде
со важност до 2026 година, меѓутоа во истиот ќе има и опција за дополнителни 12
месеци, што значи дека во случај Бразилецот да го одработи целосно, ќе остане
во француската престолнина до 2027 година, кога би имал 35 години.