Нејмар испрати јасна порака за својата иднина, се огласи и првиот човек на ПСЖ

by
1 минути читање

Бразилецот секое лето се поврзува со заминување од Париз, и следното ќе биде клучно за неговата иднина. Неговиот договор е со трајност до 2022, па доколку не стави потпис на нов, големи се шансите да замине.

Сепак, по победата над Башакшехир, Нејмар испрати јасна порака.

„Многу сум среќен во Париз, добро ми е во ПСЖ. Не ми паѓа на памет да заминам. Ќе треба да разговараме, имам добар однос со раководството… ќе видиме што ќе се случи во следниот период“ – вели напѓачот.

Потоа се огласи и првиот човек на „светците“.

„Започнавме дискусии со Нејмар и Мбапе. Преговорите остануваат тајни, но верувам дека ќе имаат позитивен исход. Двајцата сакаат да останат во ПСЖ“ – изјави Насер Ал Келаифи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани