298
Нејмар се уште се рехабилитира од повредата и прогнозите се дека ќе се врати во април. Тој се повреди во меч од францускиот куп против Стразбур.
Тоа е истата повреда која ја заработи во февруари минатата година и беше под знак прашалник за настап на Светското првенство.
„Овој пат многу тешко ја прифатив повредата. Дома поминав два дена плачејки“, вели Нејмар.
„Првиот пат кога се повредив си реков „Ќе ме оперираат и се ќе се среди најбрзо што може“, па тогаш не бев тажен“.
Овој пат медицинскиот тим се реши за конзервативен третман на повредата, па Нејмар помина без операција.