165
Неверојатното
напаѓачко трио Меси, Нејмар и Мбапе не се покажа како одлучувачко за ПСЖ на
гостувањето кај Бриж каде фаворитот одигра само реми со резултат 1-1.
Дополнителен
проблем за тимот на Маурицио Покетино е тоа што Килијан Мбапе се здоби со
повреда и мораше уште во 51 минута да биде повлечен од игра.
Засега нема ништо
конкретно околу тоа колку би паузирал напаѓачот, односно дали станува збор за
повреда од посериозен карактер, единствено е познато дека фудбалерот го
истегнал глуждот.
„Тој го истегна
глуждот, останува да се утврди детално, тој веќе имаше проблеми со обата глужда“
рече Покетино по мечот со Бриж.