Неизвесност во Фенербахче за Елмас, две опции се во игра

by
2 минути читање

Од идниот месец нашиот
суперталентиран фудбалер од редовите на турскиот гигант Фенербахче, 18
годишниот Елиф Елмас ќе може да настапува на официјални натпревари за тимот од
Истанбул.

Сепак, постојат две
опции за статусот на Елмас почнувајќи од идниот месец, и покрај тоа што
заминувањето на Робин Ван Перси отвори можност нашиот фудбалер да биде вметнат
на листата на странски фудбалери на тимот со што ќе се пополни празното место,
единствено кое ќе остане, очигледно до тоа нема да дојде.

Пред извесен период
одредени медиуми во Турција наведоа дека Генчербирлиги ќе биде клубот каде
Елмас ќе го одигра вториот дел од сезоната, а стратегот од клупата на
Фенербахче, Ајкут Кочаман наместо Елмас ќе се фокусира на големо засилување кое
ќе му донесе надеж за титула во тамошната Суперлига откако шампион во првиот
дел од сезоната е Истанбул Башакшехир со три бода предност во однос на
Фенербахче.

Денес, дел од турските медиуми се подзанимаваа со оваа тема, па еве како известуваат од таму…

Елиф Елмас нема да се
најде на агендата на Кочаман, тој бара клуб за младиот фудбалер каде ќе има
голема минутажа за докажување и развивање во својата кариера до крајот на
сезоната, пишува во оваа објава.

timebalkan.com

Од друга страна пак,
одредени медиуми најавуваат дека заминувањето на Ван Перси дефинитивно ќе
остави простор за Елмас.

haberturk.com

Претседателот на клубот,
Азиз Јилдирим веќе има планови за тоа како клубот ќе делува во јануарскиот
преоден рок, „
Sporx
известува дека постои опција местото на Ван Перси да го заземе Елиф Елмас, но
опцијата за позајмица на тинејџерот се уште останува на агендата.

sporx.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани