Потпретседателот
и поранешен фудбалер на Јувентус, Павел Недвед вели дека конечно дошло време за
подмладување на составот на „Старата дама“, со тоа што додаде дека тимот од
Торино се обидува да биде компетитивен во Италија, но и Европа.
„Ние победувавме
толку години, а време беше да го подмладиме тимот“ рече Недвед за време на
пресконференцијата на презентацијата за „Се’ или ништо – Јувентус“.
„Со тоа што
направивме еден микс на искусни фудбалери како Буфон, Кјелини и Бонучи со млади
фудбалери како Киеза и Де Лихт, ние се обидовме да ја изградиме сегашноста, но
и иднината на клубот, со тоа што поставивме јасна цел, да бидеме компетитивни
во Италија, но Европа, да продолжиме со
победите“ додаде Чехот.