184
Потпретседателот
на Јувентус, како и легенда на тој клуб, Павел Недвед тврди дека Андреа Пирло и
Кристијано Роналдо ќе останат во клубот, а инсистира на тоа дека „Старата дама“
ќе се бори до крајот.
„Се соочуваме со
комплицирана ситуација, но ќе се бориме до крајот“ рече Недвед.
„Пирло и Роналдо
ќе останат во Јувентус“ додаде Чехот.
Со ова, клубот
навидум му изразува поддршка на својот актуелен тренер и покрај последниот
очаен пораз на свој терен од Милан со 0-3, со што Јувентус падна на петтото
место на табелата.