Недвед со коментар за иднината на Роналдо и Дибала

by
1 минути читање

Кристијано Роналдо останува во Јувентус, ова вечерва го изјави потпретседателот на „старата дама“, Павел Недвед.

ЦР7 често се поврзува со заминување од Торино, се најавува како нов фудбалер на ПСЖ, пред неколку дена имаше стории за трампа со Мауро Икарди, но раководството на Јувентус уште еднаш инсистира дека напаѓачот ќе ја одработи последната година од договорот.

„Роналдо се враќа во понеделник и ќе остане со нас“ – вели Недвед.

Дел од трансфер шпекулациите е и иднината на Пауло Дибала, кој има само уште една година од договорот.

„Следната недела ќе се сретнеме со агентот на Пауло Дибала и ќе отвориме преговори за продолжување на соработката“.

„Алегри сака да ги игра Дибала и Роналдо заедно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани