Перформансите на
судијата Гуида на синоќешниот дуел помеѓу Торино и Интер, денеска се топ тема во
фудбалска Италија. На никого не му е јасно како не беше досуден пенал за
стартот на Ранокиа врз Белоти, и зошто ВАР не реагираше и не бараше прегледување
на снимките.
Според Тутоспорт,
недосудениот пенал во корист на Торино го налутил Милан, „росонерите“ стравуваат дека лошите судиски
одлуки можат да им ги поматата сметките во трката за Скудетото.
Во таборот на
Милан сметаат дека се оштетени на дуелите против Наполи, Специја и Удинезе, па
како тоа да не било доволно, сега индиректно се оштетени со тоа што нивниот
ривал Интер си замина со бод од гостувањето кај Торино и наместо негативата да
биде пет бода, таа е четири.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.