„Не знам дали ќе ми требaат две недели или два месеци… важно е што сум жив!“ – емотивниот Касиљас се огласи откако ја напушти болницата

by
1 минути читање

Легендарниот голман во средата претрпе срцев удар на тренингот на Порто и веднаш му беше извршена интервенција. Откако помина неколку дена во болница, Икер Касиљас денаска беше пуштен дома.

Шпанецот имаше емотивен говор за медиумите кои го чекаа пред болницата, се заблагодари на сите за укажаната помош како и поддршката која ја добил. На прашањето за неговата иднина, тој само кажа дека е среќен што останал жив.

„Можеше да биде и полошо, имав многу среќа. Ме трогна бројот на луѓе кои беа загрижени за мене. Сакам да му се заблагодарам на докторот Нелсон, на луѓето од Порто, на лекарите од болницата и сите оние кои се грижеа за мене“ – рече Касиљас.

„Сакам да се заблагодарам за поддршката на социјалните мрежи и сите кои ми испратија пораки за брзо опоравување. Добив илјадници и илјадници пораки“.

„Никој не знае што носи иднината… Не знам дали ќе ми требаат две недели или два месеци за да се опоравам, најважно е што сум жив и што стојам тука пред вас и зборувам“.

Икер Касиљас сега неколку недели треба да мирува дома и неговата ситуација внимателно ќе биде следена од докторите. Подоцна ќе биде донесена одлука дали Шпанецот ќе добие некој специфичен третман и терапија. Се верува дека процесот на рехабилитација ќе трае најмалку три месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани