Не само на Барса, Илаиш го врти грбот и на Шпанија

by
1 минути читање

Илаиш е една од главните теми во Барселона, 18-годишниот фудбалер бара голема плата за да потпише нов договор, па клубот разочаран од неговото однесување не планира да го игра оваа сезона.

Според каталонскиот весник „Спорт“, Илаиш го врти грбот и на шпанската репрезентација.

Тој досега настапуваше за младинските селекции на Шпанија, но донел одлука да не продолжи да игра за оваа селекција.

Одбрал негова репрезентација да биде Гвинеја, земјата каде што е роден.

Илаиш нема сениорски настап за Шпанија, па без проблеми може да го облече дресот на Гвинеја и да настапи на Африканскиот куп на нации кои се игра во зимскиот период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×