По трите победи од 1-0 на стартот од сезоната, Тотнем влезе во серија на убедливи порази со очајна игра. Најпрво загубија од Кристал Палас со 3-0, па со истиот резултат беа поразени од Челси, а синоќа со 3-1 изгубија од Арсенал.
Веројатно лошиот менаџмент и самобендисаноста на Даниел Леви е причина за падот на Тотнем. Неговите одлуки најпрво да го отпушти Покетино, а потоа и Мурињо мислејќи дека тимот има голем капацитет, влијаеа на овој пад.
Реалноста излегува на виделина, Нуно Еспирито Санто важи за дефанзивен тренер кој засега не успева да најде формула како да функционира Тотнем, веќе е видливо дека не е тренер на нивото на Мурињо и Покетино кои очигледно вадеа и повеќе од капацитетот на тимот кои го имаа.
Навистина, Хари Кејн е непрепознатлив, но тој не е виновен што тимот на три натпревари по ред прима по три голови. Напаѓачот е разочаран што не беше продаден ова лето, но тоа не е единствениот фактор за неговиот слаб учинок. Средниот ред не креира шанси, тренерот повеќе се фокусира на дефанзивата и изгледа како Сон да е единствениот фудбалер кој може да направи нешто.
Но, навивачите на Тотнем како да не ја гледаат големата слика, па целата вина ја префрлуваат на Кејн.
Навивач на Тотнем во емисија на „Ток Спорт“, го обвини Кејн и рече: „Ако некој треба да се обвини за сето ова тоа е Хари Кејн. Не саам веќе никогаш да го видам Хари Кејн во дресот на Тотнем“.
Овој навивач се чини дека има кратка меморија, не го цени тоа што Кејн го правеше за нив во изминатите сезони и му суди само по неколку одиграни мечеви оваа сезона.
“I’ve never been so embarrassed to be a Tottenham fan.”
“There’s one man to blame for all this, and that’s Harry Kane.”
“I don’t want to watch Harry Kane in a #THFC shirt anymore.”
Adrian the #Spurs fan is furious with Harry Kane following #NorthLondonDerby defeat. pic.twitter.com/wKy8wkBEvt
— talkSPORT (@talkSPORT) September 26, 2021