70
Челси и Манчестер Сити успешно ги завршија преговорите за Рахим Стерлинг, а сега ќе почнат поинтензивни разговори за Нејтан Аке.
Холандскиот дефанзивец до 2017 година беше член на Челси иако постојано беше праќан на позајмици. Таа година сините го продадоа на Борнмут за 20 милиони фунти, кој во 2020 година го продаде на Манчестер Сити за 41 милион фунти.
Информациите велат дека Манчестер Сити на Челси му ја бара сумата која тие ја платиле за Аке, околу 41 милион фунти.
Аке веќе ги договори личните услови со Челси. Се очекува наскоро да падне договор и меѓу клубовите.