Не помогна голот на Влаховиќ од слободен удар, Јувентус не ја победи веќе испаднатата Верона (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Јувентус им приредија непријатно изненадување на своите навивачи откако денеска не победија против веќе испаднатата Верона и на свој терен ремизираа 1-1.

Јувентус така пропушти прилика да го искористи ремито на Комо и поразот на Милан во борбата за Лигата на шампионите, а Рома сега има прилика со триумф утре над Фиорентина да дојде само на бод од четвртото место.

Иако „старата дама“ повеќе напаѓаше и создаваше шанси, сепак Верона преку Боуви стигна до водство во 34. минута од средбата. Тоа беше и единствениот гол во првите 45 минути.

Во второто полувреме во игра влезе Влаховиќ кој во 62. минута стрелаше од слободен удар за израмнување. До крајот домаќините притискаа, Жегрова ја погоди и стативата меѓутоа резултатот не се промени.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×