Не ни се радуваат сите: Настапот на Македонија на ЕП е како Фолксваген Буба да пуштиш во Формула 1

by
1 минути читање

Македонија се пласира на Европското првенство преку Лигата на нации, новото натпреварување на УЕФА преку кое можеше да се пласира и селекција од послабиот ешалон. Ние максимално ја искористивме шансата и испишавме историја.

Многумина ни честитаат и ни се воодушевуваат за пласманот, но има и такви кои го оспоруваат. Белгискиот новинар, Питер Банденбемпт напиша статија во која Македонија ја спореди со Фолксваген Буба која настапува на трка од Формула 1.

„За да дојде на Европското првенство, Македонија го освои првото место во група со Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн. Честитки за тоа, но тие не се некои ривали. Потоа ги победија Косово и Грузија, финалето го реши најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, човек кој има 37 години. УЕФА во 2016 година го прошири ЕП на 24 селекции, па сега на него настапуваат и помали земји како Северна Ирска, а сега и Македонија. Тоа можете да го гледате од два аспекти, да ви е симпатично или да се сомневате дека треба да играат на големо натпреварување. Мислам дека нема што многу да се научи од овие земји за фудбалот. Не може да пуштите Фолксваген Буба да се трка во Формула 1, само затоа што тоа е симпатично и Фолксваген има навивачи. Мора да се има некој стандард, тоа е случајот и со Македонија. Проширување на СП и ЕП за да играат и послабите е погрешно бидејќи се разводенува квалитетот. На големите натпреварувања треба да играат само тие кои се на највисоко ниво. Дојдовме до ситуација како Ерик Мусамбани, пливачот од Екваторска Гвинеја, кој во Сиднеј во 2000 година за малку ќе се удавеше во базенот а требаше да исплива само една дисциплина“, вели белгискиот новинар, Питер Ванденбемпт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани