182
Лео Меси против
Осасуна имаше емотивна посвета за Диего Марадона, кога постигна гол за 4-0,
напаѓачот го соблече дресот на Барселона и под него беше „десетката“ на трагично
починатата легенда на Аргентина од времето кога беше дел од Њуелс Олд Бојс.
Судијата доследно
ги примени правилата и му покажа жолт картон на Лео Меси.
Дисциплинската
комисија исто така реши да не му прогледа низ присти, па го потврди жолтиот
картон.
На Лео Меси му е
изречена и парична глоба од 600 евра, минималната сума предвидена за ваков
прекршок (највисоката е 3.000 евра).
Парична глоба
доби и Барселона, „каталонците“ ќе треба да платат 350 евра.