Не му е лесно, Конте го понижи Ериксен, во игра во стави во 91. минута!

by
1 минути читање

Ериксен беше фантастичен во Тотнем, пристигна како големо засилување за Интер, но се загуби, не му беше по ќејф на Антонио Конте, а кога добиваше шанса да игра не успеваше да го предомисли тренерот.

Течеше 91. минута од мечот на Интер со Болоња кога Конте реши да го стави Ериксен во игра, за двете минути колку што беше на теренот Данецот не ја ни пипна топката.

Ниту една фудбалска ѕвезда не сака во игра да биде внесен во судиското продолжение, некои дури и одбиваат да влезат тогаш, сепак Ериксен стисна заби и со кисел израз на лицето истрча на теренот. 

Се верува дека Ериксен во јануарскиот преоден рок ќе го напушти Интер, останува да видиме која ќе бидие неговата следна дестинација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×