168
Откако се пресели
на Олд Трафорд на поечтокот од годината, Бруно Фернандеш се наметна како главен
играч, фудбалерот од средниот ред постигна 22 погодока и забележа 14 асистенции
на 37 натпревари во дресот на „ѓаволите“.
Но и покрај тоа
што е еден од најдобрите на теренот, Бруно Фернандеш е еден од помалку
платените, тој има неделни примања од 100.000 фунти, исто колку и Џеси Лингард кој оваа сезона нема
ниту еден настап во Премиерлигата.
Па Манчестер
јунајтед наскоро ќе ја исправи оваа неправда, Бруно Фернандеш ќе добие нов
договор со двојно поголема плата и во иднина ќе заработува 200.000 фунти.