Не ги исплаши клаузулата од 1 милјарда евра: Баерн сака да го направи Педри најскапиот трансфер во својата историја

by
1 минути читање

Минатиот месец,
Педри стави потпис на нов договор и стана првиот играч на Камп Ноу со откупна
клаузула од 1 милјарда евра.

Но според
пишувањата на АС, ваквата разврска не го исплашила Баерн Минхен, „баварците“
сакаат да го донесат фудбалерот од средниот во зимскиот преоден рок или по крајот
на сезоната.

Шампионот на
Германија е подготвен да го направи Педри наскапиот трансфер во својата
историја, во моментов ова признание му припаѓа на Лукас Ернандез за кого беа
платени 80 милиони евра.

И не само тоа,
Баерн на Педри му нуди четири пати поголема плата од онаа која ја заработува во
моментов во Барселона.

АС додава Педри
во моментов не сака да слушне за трансфер, се чувствува комфорно во Барселона и
сака да продолжи да бележи прогрес на Камп Ноу, но останува да се види дали
работите ќе се промена во следниот период и дали евентуално „каталонците“ би
можеле да бидат примамени од идејата да заработат голема сума на пари со кои малку
ќе се олабави деликатната финансиска ситуација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани