„Не е шега, Русија сака да биде домаќин на ЕП 2028 или ЕП 2032!“

by
1 минути читање

Поради воената
интервенција во Украина, Русија доби суспензија од УЕФА и ФИФА, па сите клубови
и нацинални тимови се исклучени од натпреварувањата под капа на европската и
светската куќа на фудбалот. Исто така им беше одземено и финалето од Лигата на шампиони, кое требаше да се игра во Санкт Петербург.

Но и покрај ова, Фудбалската федерација на
Русија сака да биде домаќин на големо натпреварување и ќе поднесе кандидатура
за ЕП 2028 или ЕП 2032.

„ФФР ќе аплицира
за Европското првенство во 2028 и 2032, ова не е шега“
– рече Рустем Сајманов,
кој е член на извршниот комитет на Фудбалската федерација на Русија.

„Животот
продолжува, мораме да бидеме отворени и подготвени, не треба да се затвориме“.

„Сме организирале
многу натпреварувања на највисоко ниво… Има уште многу време, ситуацијата ќе
се промени“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×