Не е сè така црно во Милан: Има една ѕвезда која ја сакаат повеќе гиганти!

by 24 фудбал
1 минути читање

Страхиња Павловиќ со своите настапи оваа сезона го привлече вниманието на клубови од Премиер лигата, а интерес за дефанзивецот на Милан покажуваат Манчестер Јунајтед и Кристал Палас.

Италијанските медиуми пишуваат дека Павловиќ е еден од ретките фудбалери на „росонерите“ кој оставил позитивен впечаток во разочарувачката сезона на тимот. Посебно се истакнува неговата борбеност и лидерски карактер, а навивачите често го издвојуваат како пример за пристапот кој треба да го има целиот тим. Стоперот оваа сезона одигра речиси 3.000 минути и запиша четири гола и една асистенција, со што стана еден од најважните играчи на Милан.

Според „Газета дело Спорт“, Кристал Палас веќе стапил во контакт со Милан околу можен трансфер, додека интерес покажува и Манчестер Јунајтед. Италијанскиот клуб наводно го проценува Павловиќ на околу 40 милиони евра, иако дел од медиумите тврдат дека Челси е подготвен да понуди и 50 милиони.

Сепак, Милан во моментов нема намера лесно да се откаже од српскиот дефанзивец, освен ако клубот не обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×