Јувентус синоќа
беше топ тема на фудбалската јавност во Италија откако финансиска полиција влезе
во канцелариите на „старата дама“ во Торино и Милано. Се прибирала
документација за трансферите од последните три години, сомнителни се 42 зделки
и 282 милиони евра капитална добивка.
Спортскиот
директор Федерико Керубини бил првиот повикан да даде исказ, дури десет часа
бил на распит во обвинителството, според Газета, извештајот со неговите искази
се води како класифициран.
Според медиумите, Јувентус не е единствениот клуб под истрага, вкупно се сомнителни 62
трансфери.
Помеѓу нив е и
најскапиот трансфер во историјата на Наполи, односно зделката со која Виктор Осимен се пресели на југот на Италија за преку 80 милиони евра.
Проблем е тоа што
Наполи за да ги балансира сметките вметна четворица играчи за кои доби 20
милиони евра. Се работи за искусниот голман Карнезис и уште тројца членови од
младинските категории (Манци, Палмиери и Лигуори). Проблем е што тројцата
младинци никогаш не отпатуваа во Лил, веднаш беа пратени на позајмица во Серија
Ц и Серија Д, а потоа нивните договори беа раскинати.