Не е само Јовиќ во проблеми, неговата девојка издаде уште двајца српски фудбалери

by
1 минути читање

Сезоната во Ла
Лига треба да продолжи оваа недела, па од фудбалерите се бара да се придржуваат до строги протоколи. Лука Јовиќ синоќа
реши да заборави на препораките за заштита и социјална дистанца, ја распали скарата и ги
повика пријателите во својот дом на дружба.

Но напаѓачот на
Реал Мадрид не е единствениот кои западна во проблеми, неговата девојка Софија
издаде уште двајца српски фудбалери. Благодарејќи на видеата и сликите кои таа
ги објавувала на социјалните мрежи, медиумите забележаа дека дел од дружбата
биле и Иван Шапоњиќ од Атлетико Мадрид и Немања Максимовиќ од Хетафе.

Петмина фудбалери
на Севиља пред некое време исто така креираа контроверзија откако се дружеа, но
медиумите од Шпанија пренесуваат дека ова е многу посериозен случај бидејќи се
работи за фудбалери од три различни клубови и тоа на само неколку дена пред ре-стартот
на сезоната.

Се шпекулира дека
сите тројца можат да бидат казнети, и тоа не само од своите клубови, туку и од
Ла Лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×