Не е поразличен од другите, Салах флертува со Барселона и Реал Мадрид

by
1 минути читање

Се чини дека Мохамед Салах не е поразличен од повеќето играчи кои колку и да се успешни во Премиерлигата сонуваат да играат во Барселона или Реал Мадрид.

И тој ќе го следи примерот на Суарез, Кутињо, Фабрегас, Азар и со две раце ќе прифати трансфер некој од двата најголеми шпански клубови.

Салах неодамна даде интервју за „АС“ во изрази разочараност од Ливерпул затоа што не ја доби капитенската лента на мечот со Митјиланд и не ја отфрли можноста за трансфер во Реал Мадрид или Барса.

„Мислам дека Реал Мадрид и Барселонан се два големи клубови. Којзнае што ќе се случи во иднина, но во моментов сум фокусиран на освојување на Премиерлигата и Лигата на шампионите со Ливерпул“, изјави Салах.

„Дали би се преселил во Шпанија? Тоа е тешко прашање, но во моментов можам само да кажам дека се е во рацете на клубот. Сакам да рушам рекорди тука, но се е во рацете на клубот“.

Новинарот Монтеро вели дека во Шпанија ова интервју на Салах се сфаќа како флерт со Барса и Реал.

„Тука во Шпанија ова го гледаме како начин на Салах да не ја затвори вратата за Барселона и Реал Мадрид“, вели новинарот Монтеро за Скај Спортс.

„Добро е познато дека Роналд Куман има потреба од свежина во тимот. Пример тој се распрашуваше за Ерик Гарсија од Манчестер Сити и Мемфис Депај од Лион“.

„Ситуацијата во Реал Мадрид е тешка во моментов бидејќи иако Мо Салах е екстремно добар фудбалер но и многу скап, а Флорентино Перез ги сака и Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×