Не Ангеловски, туку Просинечки ќе ја води Македонија на Европско?

by
0 минути читање

Актуелниот договор на Игор Ангеловски истекува со крајот на оваа година, а од ФФМ рекоа дека нема да разговараат за продолжување на нов се додека не истече стариот. 

Со таквиот став ФФМ остава простор за разни шпекулации, а една таква доаѓа од Србија. „Курир“ тврди дека Роберт Просинечки ќе ни биде нов селектор и тој ќе ја води Македонија на Европското првенство.

Тешко е за верување дека селекторот кој ја однесе Македонија на Европското првенство нема да ги предводи фудбалерите на големото натпреварување, но додека ФФМ и Ангеловски не си подадат рака, неизвесноста ќе биде присутна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×